КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕРИЈА (43)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – II ДЕЛ

Дури и во западниот дел на империјата понекогаш, заради политички цели, им даваше цивилна моќ на луѓето од тие места, како што беше случајот во Карија и Египет, но во ваквите случаи воената власт им ја даваше на македонски офицери.

Во источните региони, прво во Вавилон, ваквиот начин на владеење го воведе за неколку години, ставајќи македонски офицери со титула стратег или надзорник до персискиот намесник кого тој го наименува само за граѓанската власт.

Оваа намера одговара, како што се виде, на неговите идеи за давање дел од власта на Персијците, но вистинската власт беше резервирана за античките Македонците. He e познато за посебни финансиски службеници во источните намесништва, веројатно поради тоа што економијата на овие региони се темелеше не врз валута туку врз стока. Ова организирање, меѓутоа, никогаш не стана определена шема.

Во тешките години на војната во Источен Иран понекогаш имаше лошо искуство со овие персиски намесници. Па така, од 328 година наваму, со еден исклучок, не направи повеќе ориенталско намесништво, а подоцна кога се врати од Индија дозна дека за време на неговото отсуство повеќето од ориенталските намесници се однесувале многу лошо, затоа ги казни и насилно ги отстрани.

Во времето на неговата смрт само тројца намесници беа Иранци, а сите други намесништва беа во рацете на античките Македонци. Ова разочарување не го поколеба во неговите идеи за спојувањето на нациите, но како практичен државник, а во интерес на безбедноста на својата империја, ги зацрта потребните заклучоци и не отстапи од тоа, признавајќи дека експериментот не успеа во практиката.

Политичките услови во Индија му наложија други комбинации. Таму тој во основа ги остави малите раии како управници под македонските намесници, но помоќните владетели, како што беа Порус и Абисар, ги стави надвор од намесништвата, како независни вазапски принцови.

Посебниот однос кон финансиите и таксите, што беше оригинална идеја на Александар Македонски, покажа дека има особен интерес за финансиското работење во новата империја. Во овој дел од работата подоцна тој воведе важни иновации, кои постепено водеа кон централизација.

Прво во Египет, целата финансиска администрација на земјата и нејзините зависни делови ја стави во рацете на античкиот Грк Клеомен. Наскоро потоа спои неколку намесништва во големи финансиски подрачја под раководство на финансиски директори.

Мала Азија западно од Таурус ја оформи во вакво подрачје под надзор на Филоксер, а Киликија, Сирија и Феникија беше другото подрачје под Керан. Во 330 година кога Александар стана господар на многу богати персиски куќи, реши да го оддели военото од царското богатство што дотогаш го следеше движењето на војската, и да го централизира под раководството на својот пријател Харпал како царско богатство концентрирано во Екбатана.

Така Харпал, кој подоцна се пресели во Вавилон, беше водечката личност на финансиската администрација, на таксите и на богатството на Азискоатичката империја.

Харпал не требаше само да го чува богатството, туку и да работи со него и да направи ковани пари. Како што се виде, Александар главно ја прифати политиката на персиските кралеви и започна да пушта билиони-валута во опток.

Co својата постојана благодарност, тој ги дистрибуираше парите до службениците, војниците и пријателите и со порастот на трошоците во неговиот двор, новите богатства наскоро премннуваа од една во друга рака. На денот на неговата смрт, се смета дека државното богатство не беше поголемо од 50.000 таланти.

Напорите на Александар Македонски да ја обедини финансиската организација јасно се гледаат во неговите мерки за правење ковани пари. Во деновите на Големиот крал во Персија, ковањето на пари од злато беше резервирано за кралот, а намесниците коваа сребрени пари, во многу различни видови и вредности.

Но Александар Македонски ги задржа за себе и сребрените пари, така што во намесништвата, со еден исклучок во случајот на Мазај, постоеше само кралска валута, што веројатно беше обезбедена од финансиските директори од името на кралот.

Пред се, тој воведе еднообразен вид, a можеби од политички причини го одбра атичкиот стандард. За кусо време новата тетрадрахма на Александар Македонски стана најголемата валутна вредност во светот.

Создавањето на еднообразна кралска валута е извонреден пример на Александровото проникнување во еконмската политика. Во финансискиот и монетарниот систем тoj воведе централизација што го подигна неговиот систем високо над конфузијата во Ахеменидската империја.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...