Книгата „За Македонистиката отворено“ се осврнува и на бугарска антимакедонска кампања која го негира и постоењето на македонскиот јазик

Date:

Во рамки на прославите по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба овој петок во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00ч. ќе се одржи промоција на книгата „За Македонистиката отворено“ од Свето Стаменов и Димитар Пандев.

Книгата содржи 21 радио разговор емитуван во периодот од 19 ноември 2016 година до 14 февруари 2022 година во авторскиот проект Quo vadis и во редовната саботна програма Радио Спектар на Македонското Радио.

Во трудот се опфатени разговори за Крсте Петков Мисирков и неговата книга „За македонцките работи“, за Свети Климент Охридски, за Блаже Конески, за Григор Прличев, за Белите Мугри на Кочо Рацин, за македонистичките јубилеи, за најновото издание на Правописот, за Законот за јазиците, за најновата бугарска антимакедонска кампања која го негира и постоењето на македонскиот јазик, за предизвиците пред кои е исправен нашиот македонски јазик, информираат од Општина Охрид.

Содржината на книгата е сместена на 360 страни, а рецизенти се поранешниот словенечки амбасадор проф. д-р Милан Јазбец и доц. д-р Бобан Карапејовски.

Издавач на книгата „За Македонистиката отворено“ е Општина Охрид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...