Интересни осум меча се одиграа ноќеска во НБА лигата, а во градското дерби Лос Анџелес клиперс го победи Лејкерс со 125:118. За Клиперси ова беше 11-та победа во низа против соседот, а овојпат беше остварена во многу важен момент.

По 80 меча, Клиперс имаат 42 победи и 38 порази, додека Лејкерси останаа на 41 победа и сега се со 39 порази. Токму Клиперси се на шестото место на Западот кое е последно што носи директен пласман во плејофот, додека Лејкерс најверојатно ќе треба да играат доигрување.

Далас славеше над Сакраменто со 123:119 и на тој начин тимот на Лука Дончиќ ги задржа минималните шанси дека сепак може да стигне до 10-тото место на Западот. Оваа победа на Далас значеше и голема радост за Денвер, затоа што на тој начин, оваа екипа сигурно го обезбеди првото место на Западот по регуларниот дел и тоа за прв пат во клупската историја.

На Истокот ситуацијата е многу појасна и веќе се јасни дури пет екипи кои ќе играат во плејофот, а Бруклин кој е шестти, славеше на гости кај Детроит и веќе може да размислува за плјеофот.

Резултати: Детроит – Бруклин 108:123, Индијана – Њујорк 129:138, Атланта – Вашингтон 134:116, Бостон – Торонто 97:93, Милвоки – Чикаго 105:92, Њу Орлеанс – Мемфис 138:131 по продолжение, Далас – Сакраменто 123:119, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 125:118.