Клиничката болница „Жан Митрев“ поднела жалба за блокираните сметки

Date:

Клиничката болница „Жан Митрев“ преку соопштение извести дека поднеле жалба на решението со кое судот им ги блокираше сметките.

Ден пред првото рочиште од судењето на кое кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама на пациенти оти хемофилтрацијата им кажале дека е лек против Ковид – 19, клиниката се пожали дека судот им ги блокирал сите сметки.

„Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника“, стои во денешното соопштение од Клиниката.

Обвинителката Искра Хаџивасилева во вторникот го охрабри кардиохирургот да даде гаранција со која ќе се обезбедат побарувањата на пациентите во постапката доколку не сака да му бидат блокирани сметките. Ден подоцна Клиниката најави дека ќе понуди имот како гаранција.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...