Клексаните од први јули се на позитивна листа

Date:

Клексаните веќе може да се подигнуваат на рецепт од аптека – Сепак и покрај ова, дел од граѓаните велат дека во некои од аптеките им било кажано дека се уште не го издаваат на рецепт со образложение дека чекаат известување од Фондот….

Од фондот за здравство велат дека од први јули лекот е ставен на позитивната листа и аптеките се должни да го обезбедуваат и издаваат на осигурениците на кои им е потребен…. „Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (Клексан) е обезбеден преку Позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во ПЗУ аптеките кои имаат склучен договор со Фондот. Согласно одредбите од склучениот договор со Фондот, аптеките се должни да обезбедуваат, односно да набавуваат и издаваат лекови за потребите на осигурените лица, за одредени медицински дијагнози и во рамки на законските прописи.

На овој начин, осигурените лица лекот го подигнуваат во аптеките кои имаат договор со Фондот, врз основа на рецепт издаден од избраниот лекар, без претходно да го купуваат и потоа да поднесуваат барање за рефундација.“

Клексаните требаше уште минатата година да бидат ставени на позитивната листа, но поради технички и административни проблеми процедурите се пролонгираа.

Претходно, позитивната листа беше проширена со нови лекови во 2024-тата година. На листата се најдоа лекови за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција….Претседателот на Владата во мај годинава најави дека листата со лекови кои паѓаат на товар на Фондот повторно ќе се прошири, но засега нема конкретна информација кога повторно ќе биде ажурирана.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...