Кијану Ривс објавува роман во соработка со Чајна Миевил

Date:

Во посебно соопштение на програмата „Добро утро Америка“ славниот Кијану Ривс објави дека во соработка со британскиот автор Чајна Мевил ќе издаде роман под наслов „Книгата на некое друго место“ (The Book of Elsewhere). Тој се очекува да се појави во јули.

Книгата е инспирирана од БРЗРКР, стрип серија која Ривс ја напиша со Мат Кинд, а нацртана од Рон Гарни. Таа го следи бесмртниот воин Берзеркер додека се бори против различни непријатели низ времето. Првото издание од вкупно 12-те излезе во март 2021, со средства собрани на Кикстартер од 1.4 милиони долари. Првиот број се продаде во над 615.000 копии, со што стана најпродаваното единечно издание од „Војна на ѕвездите“ бр. 1 во 2015.

Романот е поврзан со стрипот, но секако може да се чита и независно. Ривс го одбрал Миевил затоа што тој изнашол „јасна архитектура за приказната“. „Бев возбуден од неговата визија и сум почестен да бидам дел од оваа соработка“ изјавил тој. Миевил од своја страна бил позитивно шокиран кога Кијану го поканил да си поигра со неговите „играчки“.

Ривс деновиве е актуелен во регионот и по една друга работа. Неговиот бенд „Догстар“ во кој свири бас е потврден за учество на Арсенал Фест во јуни во Крагуевац.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија одигра уште еден одличен натпревар

Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23. Нашите...

Верстапен на пол-позиција во Абу Даби

Коцките се фрлени за финалето на сезоната во Формула...

Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ 

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18....