Кијану Ривс: Имам само еден услов за да глумам во петти дел од „Џон Вик“

Date:

Кијану Ривс откри еден услов за да се појави во петтото продолжение на сагата за одмаздникот Џон Вик.

Славниот актер го глуми титуларниот лик во сите четири филмови од серијалот, а последниот филм доби бројни пофалби од критичарите и постигна импресивни 95 проценти на „Ротен томатос“ и многу добри 8,3/10 на ИМДБ. Во првиот викенд од прикажувањето во кината заработи дури 137.5 милиони долари.

Ривс претходно изјави дека снимањето на петти филм зависи од тоа дали фановите сакаат друго продолжение или не, а сега откри еден услов што треба да се исполни за да се вклучи во проектот.

Во интервјуто за „Ентертејнмент викли“, Ривс рече дека ќе го разгледа проектот доколку биде вклучен режисерот Чад Стахелски.

„Не знам, претпоставувам дека ќе треба да се потпирам на изреката: никогаш не кажувај никогаш повеќе. Мислам, не би снимал петти филм без Чад Стахелски. Ќе мора да видиме како тоа изгледа. Според мене, навистина е правилно што Џон Вик најде мир “, рече тој, алудирајќи на крајот на филмот, во кој се гледа како Вик подлегнува на смртна рана додека неговиот живот поминува пред неговите очи, за што многу фанови мислат дека нема да има продолжение.

Ривс исто така рече дека снимањето на уште еден филм за Џон Вик зависи многу од тоа како фановите ќе реагираат на четвртиот.

„Мора да видите како публиката ќе реагира на она што го направивме. Единствената причина поради која ги снимавме овие филмови беше затоа што на луѓето им се допадна она што го правевме. Затоа мислам дека треба да почекаме и да видиме како публиката ќе реагира,“ изјави актерот.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...