Австралискиот тенисер Ник Кирјос ги дочека своите „пет минути“ и повторно го нападна Италијанецот Јаник Синер по допинг-скандалите.
Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанција клостебол, а во август Меѓународната агенција за интегритет во тенисот го ослободи од обвинение.
Светската антидопинг агенција (ВАДА), сепак, поднесе жалба и побара суспензија од една до две години за Синер.
„Можеби сепак не бил толку невин“, објави Кирјос.