Кирил Џајковски направи музика за новиот игран филм на Иво Трајков

Date:

По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков.

Најновото остварување наречено е „Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело.

Последно во низата признанија што „Piargy” ги доби, е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика.

„Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси.

Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...