Кирил од Битола со две и пол години ги освои планините Пелистер и Триглав

Date:

Преку неделата на лесен тренинг во градскиот парк, викендите на планинските височини. Ништо чудно и невообичаено за едно од најмладите битолски планинарчиња две и пол годишниот Кирил Цветановски кој планинарскиот марш го чувствувал уште во утробата на мајка му.

Задоеното бебе на Пелистер досега со своите родители се искачило на речиси на сите домашни врвови. Од неодамна во регистарот на освоени врвови влезе и словенечкиот Триглав.

Родителите велат од годинава на порамните планински места тој веќе и полека пешачи. Кога детските ноџиња ќе се уморат тој одамна научил каде му е местото за сигурен пат.

Во планинарското сиви на Кирил веќе се влезени и неколку подолги маршеви. Родителите признаваат дека понекогаш постои страв но тоа се надминува со добра подготовка и следење на временските прогнози. Сепак на крајот од денот задоволството е преголемо што нивното синче и неговите повозрасни две сестри се дел од нивната близу тридецениска планинарска пасија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...