На место викано „Караорман“ полициски службеници од Регионален центар Југ ги привеле Ч.Х.(44), В.Р.(47), Ј.Л.(38) и едно малолетно лице, сите од НР.Кина, затоа што по извршените проверки во службената евиденција е констатирано дека немаат остварено легален влез во државата, со што постапиле спротивно на Законот за странци, односно незаконски престојувале во државата.
„На лицата од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија им се изготвени решенија за враќање и напуштање на територијата на државата“, велат од МВР.
На 08.07.2023 во 23.00 часот на Граничен премин Табановце полициски службеници, при извршена контрола на патници во автобус со струшки регистарски ознаки, констатирале дека патниците H.B.(23) и E.A.(32) не поседуваат документација за идентификување и по извршените проверки е констатирано дека лицата се мигранти од Мароко.
Вчера во Полициско одделението Шуто Оризари е пријавено дека на 06.07.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка со употреба на тврди предмети помеѓу М.И.(32), Н.И.(29) и А.Т.(50), од една страна, и О.С.(51), А.С.(22) и Д.З.(21), од друга страна, сите од Скопје.
Кинези скришум нелегално влегле во Македнија, Групна тепачка во Шутка, полицијата со полни раце работа
Date: