Кина не ги прифаќа обвинувањата од Самитот на НАТО

Date:

Кина никогаш нема да ги прифати „неоснованите обвинувања“ изнесени против неа на актуелниот Самит на НАТО, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот холандски колега Каспар Велдкамп.

Ванг истакна дека Кина е подготвена да одржува контакти со НАТО на рамноправна основа и заемно почитување, при тоа Алијансата да не се меша во нејзините внатрешни работи.

Во исто време, портпаролот на Кинеската мисија во Европска Унија изјави дека Декларација од Самитот на НАТО е полна со „воинствена реторика“, а нејзината содржина поврзана со Кина содржи провокации, „лаги, поттикнувања и клевети“.

Во Декларацијата се истакнува дека Кина стана одлучувачки фактор во воените напори на Русија во Украина и оти Пекинг и понатаму е безбедносен предизвик за Европа.

Како што сите знаеме, Кина не е основачот на кризата во Украина, наведе портпаролот на Кинеската мисија во ЕУ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...