Ким Џонг Ун ја предводеше евакуацијата на 5.000 жители заробени во поплавите

Date:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги посети областите погодени од поплавите во близина на реката Амнок на северот од земјата и водеше операција за спасување на околу 5.000 жители користејќи воени хеликоптери, објавија утрово севернокорејските државни медиуми.

Медиумите објавија дека Ким во неделата ги посетил областите во провинцијата Северен Пјонган кои се погодени од поплави по рекордните врнежи на северот на земјата.

Врз основа на наредбата на Ким, воздухопловните сили мобилизираа десетина хеликоптери за да евакуираат околу 5.000 жители, пренесува Јонхап.

Ким ги обвини релевантните службеници дека не ја спречиле штетата од поплавата.

На состанокот на 22 јули, севернокорејскиот лидер им наредил на надлежните агенции да ги спроведат сите мерки за да се спречат штетите од потенцијалните обилни врнежи и да се фокусираат на санирање на последиците од поплавите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...

Време е за плеј-оф: Може ли некој да го детронизира Бостон?

Со четири натпревари вечерва ќе стартува плеј-офот во новата...

Печени ребра со компири

Печените ребра со компири се вистински специјалитет кој можете...

Лавров: Фашисти ги предводат земјите кои отсекогаш ѝ припаѓале на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други...