Ким Кардашијан ќе глуми во 12. сезона на серијата „Американска хорор приказна“ (American Horror Story).

„Ким е една од најголемите телевизиски ѕвезди. Одушевени сме што можеме да ѝ посакаме добредојде. Возбудени сме за претстојната соработка, а за Ким има осмислено посебна улога. Оваа сезона е сосема поинаква од сè што сме правеле досега,“ режисерот Рајан Марфи потврди за „Холивуд репортер“.

Риалити-ѕвездата и режисерот, наводно, минатото лето дискутирале за можна соработка, но сите други детали засега се чуваат во тајност.

Ким на својот „Инстаграм“ објави трејлер за серијата со морничава музика и натпис: „АХС12 Ема Робертс и Ким Кардашијан се нежни. Ова лето.“

Фановите во коментарите напишаа дека се изненадени што Ким ќе глуми во серијата, но и дека едвај чекаат да видат како ќе изгледа.