Ким Кардашијан стигна до Харвард: Одржа бизнис предавање и направи бум

Date:

Ким Кардашијан води сериозна работа, уште една потврда за тоа е поканата на престижната бизнис школа на Харвард да им одржи предавање на своите студенти. Ким  разговараше со млади студенти и идни претприемачи за успехот на нејзиниот бренд за облекување од повеќе милијарди долари SKIMS. Откако го доби признанието за нејзината револуционерна облека во форма на спонзорство на американскиот олимписки тим, ваквото гостување не треба никого да изненади, но онлајн коментаторите сè уште се жалат.

Ким, која и самата е студентка, неодамна се запиша на правниот факултет, се одзва на поканата и гостуваше на Харвард кај ко-основачот на SKIMS, Јенс Грид, сето тоа снимено од камерите на нејзиното реално шоу. Деловното дуо пристигна во Бостон за да одржи предавање како дел од курсот Moving Beyond Direct to Consumer, потврдија претставниците на медиумите на Кардашијан.

Иако некои американски медиуми објавија дека учесниците на семинарот на кој Ким Кардашијан одржа двочасовен говор дадоа највисоки оценки, тоа не беше доволно за хејтерите на Твитер. Ниту фактот дека SKIMS беше проценет на 3,2 милијарди долари минатата година. Некои коментатори го обвинија Харвард дека поканил „неталентна бизнисменка“ на предавање.

Но, студентите на престижниот универзитет не се согласија со обвинувањата и предрасудите на коментаторите. „Мислам дека многу луѓе не ја почитуваат како некој што води компанија вредна повеќе милијарди долари. Самото учење од некој кој изградил толку успешен бизнис беше навистина возбудливо. Мислам дека приватноста на немањето камери во собата и да можеш да имаш искрен разговор со неа е исто така многу вредно“, изјави студентката Лиз за NBC10 Boston. За своето предавање Ким се огласи и на Инстаграм, го покажа костумот во кое го одржа ова сериозно предавање, но и со хаштагот навести дека тоа е една од работите на нејзината листа на желби – #BucketListDream.

„Предавав на бизнис школата на Харвард, за нивниот курс наречен Moving Beyond DTC. Задачата на учесниците беше да научат за SKIMS, па јас и мојот партнер Јенс разговаравме за нашиот маркетинг, предизвиците и најголемите успеси. Многу сум горда на SKIMS и помислата дека тоа е дел од она што се учи на Харвард е лудост!“, напиша Ким, а потоа му се заблагодари на професорот Лен Шлезингер.

Ким Кардашијан е посветена да добие своја диплома, ријалити ѕвездата никогаш не го завршила колеџот Пирс во Лос Анџелес, на кој учела во младоста. Таа првпат јавно ја спомна својата диплома по право во 2019 година во интервју за Вог, велејќи дека започнала четиригодишна пракса во адвокатска фирма во Сан Франциско. Потоа признала дека би сакала да го заврши тоа учење.

Сојузната држава Калифорнија им дозволува на студентите кои не посетуваат акредитирани високообразовни институции да студираат право, но се обврзани да положат посебен испит, т.н. „бејби бар“, испит за студенти по право во прва година. Целодневниот тест се полага на далечина во пролет или есен, а е задолжителен за секој кој сака да студира право на неакредитирана високообразовна институција која нема акредитација за образование. Ким успеа во тоа во декември 2021. Откако го положи „бејби барот“, можеше да ги продолжи студиите по право и на крајот ќе го полага редовниот правосуден испит.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...