Ким Кардашијан се облекла како најголемата ривалка, па прошетала речиси гола

Date:

Реалити ѕвездата Ким Кардашијан била забележана на улиците на Лос Анџелес во текот на викендот, а притоа некои од луѓето морале да погледнат двапати затоа што таа изгледала како копија на новата сопруга на поранешниот Канје Вест.

43-годишната реалити ѕвезда се појавила во црн комплет со гол грб од својата омилена модна куќа „Balenciaga“ додека шетала низ Вудленд Хилс, а многумина ова издание ги потсетило на Бјанка Ценсори и нејзината облека од пред речиси една година.

Ким во текот на викендот ја покажала и новата фризура, па така сега таа е русокоса, а во овој комплет на облека ги покажала и своите раскошни облини кои ѝ донесоа голема популарност во јавноста.

Во црните хеланки и црниот топ со гол грб одела кон својот автомобил, а на многумина им изгледало дека повторно ја гледаат онаа Бјанка од јуни 2023 година.

Имено, Ким неодамна се вратила од Вашингтон каде на 25 април се состанала со потпретседателката Камила Харис за да разговара за реформите во кривичното правосудство.

Ким Кардашијан исто така се состанала со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за да побара ублажување на казните за Алис Мери Џонсон која отслужила 21 година за ненасилно кривично дело поврзано за дрога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...