Ким Кардашијан оди на часови по глума за новата улога во Американска хорор приказна

Date:

Ким Кардашијан оди на часови по глума за новата улога во серијата „Американска хорор приказна“. На годинашната Мет Гала, Ким за Variety раскажа како се подготвувала за новата улога.

„Навистина е забавно да се излезе од зоната на комфорот, да се проба нешто ново. Возбудена сум поради таквото искуство“, додаде таа.

Ким рече дека добро се подготвува за улогата и дека е вистински предизвик за неа. Некои обожаватели не се задоволни што ќе глуми во новата сезона, а исто мислење има и Пети ЛуПоне која се појави во третата сезона на „Американска хорор приказна“. Смета дека Кардашијан го превземала ликот наменет за вистинскиот професионален глумец. Сепак Ким доби поддршка од творецот на серијата.

„Ким е меѓу најголемите и најсјајни телевизиски ѕвезди и воодушевени сме што можеме да и посакаме добредојде во семејството на „Американската хорор приказна“. Ема Робертс и јас сме возбудени поради соработката со неа“, рече американскиот режисер Рајан Марфи.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...