Иако се трудат да се скријат од јавноста, се чини дека врската помеѓу манекенката и реалити ѕвезда Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди станува сè посериозна од ден на ден.
Откако неодамна беа забележани на романтичен одмор на Хаваи, двојката ја продолжи својата љубовна приказна во Јапонија, каде што уживаа во јапонска храна во Токио, дополнително поттикнувајќи ги гласините за нивната врска, пренесуваат странските медиуми.
Популарната двојка позираше за фотографија за време на вечера во ресторанот „Удон Шин“ во Токио. Ресторанот ја објави фотографијата на својот инстаграм-профил и коментар со кој се заблагодарија на Кендал и Џејкоб.
„Ви благодариме многу што го посетивте нашиот ресторан“, се вели во објавата.
На фотографијата, двајцата се облечени во едноставни црни маички, гледаат во камерата со насмевки додека уживаат во своите порции рамен. Тие позираа со тројца вработени, а фотографијата брзо доби бројни коментари од обожавателите.
„Навивам за нив, изгледаат совршено заедно! Ве молам венчајте се!“; „Толку симпатичен пар“; „Ги обожавам“, беа дел од коментарите.





