Австралиецот Мик Молони од Милдури завчера се нашол во необична ситуација кога морал да се бори со кенгур, кој се обидел да му го удави кучето.
Имено, овој Австралиец бил во природа со своите две кучиња, а во еден момент затекнал кенгур како се обидува да удави едно од неговите миленици во реката Мареј.
Молони се обидел да го исплаши кенгурот, но кога тоа не му успеало, тој скокнал во реката, истрчал низ водата и се соочил со 2 метра високиот кенгур.
Во таа прилика решил да се соочи со кенгурот и го удрил за да го спаси кучето, но кенгурот решил да возврати и на крајот се степале.
Мик Молони за медиумите изјавил дека кенгурот изгледал сериозно и прилично силно додека се тепале во водата. За среќа, Мик е инструктор по боречки вештини и поранешен полицаец, па успешно се борел и избегал без сериозни повреди.
За време на тепачката мобилниот телефон му паднал во вода, но тој успеал да ги сними клучните моменти од оваа необична ситуација. Видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи каде луѓето се восхитуваа на неговата храброст.
Кенгур се обидел да удави куче, па се степал со неговиот сопственик
Date: