Кели Озборн доби критики за изгледот, па се огласи

Date:

Кели Озборн (41) се појави на годинашното издание на Британските музички награди во придружба на својата мајка Шерон Озборн и веднаш го привлече вниманието на црвениот тепих. Таа носеше тесен црн фустан со пердуви, кој ја истакна нејзината значително ослабена фигура, а стајлингот го заокружи со впечатлив ѓердан во форма на крст. Дел од јавноста го протолкува овој детаљ како симболична посвета на нејзиниот покоен татко, рок-иконата Ози Озборн.

Нејзиниот изглед повторно отвори дебата за драстичното намалување на телесната тежина. Фотографиите од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што, покрај пофалбите, следуваа и бројни критики и навреди. Дел од корисниците коментираа дека „не изгледа добро“ и јавно го доведоа во прашање нејзиното здравје.

По новиот бран реакции, Кели се огласи на Инстаграм со емотивна порака.

„Постои посебен вид суровост кога повредувате некого кој очигледно поминува низ тежок период. Ме удирате додека сум на дното, се сомневате во мојата болка и ги претворате моите борби во трач. Нема да дозволам да бидам дехуманизирана“, напиша таа, нагласувајќи дека моментално поминува низ најтешкиот период во својот живот.

Таа и претходно зборуваше за својата трансформација, истакнувајќи дека слабеењето започнало по операција на желудникот во 2020 година, кога изгубила 39 килограми, а потоа продолжила со промени во исхраната и начинот на живот. Посочи и дека тагата по смртта на нејзиниот татко дополнително влијаела врз нејзината физичка состојба.

Годинешната церемонија беше особено емотивна за семејството Озборн. Ози Озборн постхумно ја доби наградата за животно дело, а признанието на сцената го примија Шерон и Кели.

„Благодарам што го сакате мојот татко исто колку што го сакаме и ние“, изјави кратко Кели пред публиката.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...