Кедев за неполни две недели искачи два врва на Хималаите и го развиори македонското знаме

Date:

Познатиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев со нов успех. За 10тина дена успеа да искачи два хималајски врвови високи над 8000 метри.

Сашко Кедев е првиот Македонец кој го искачи четвртиот врв на светот Лотсе висок 8.516 метри на Хималаите. Пред Лотсе само осум дена претходно Кедев го освои и Макалу петтиот врв по височина. Неговиот шерпас Мигма со посебна радост ја објави убавата вест: Сашко Кедев првиот Македонец на Макалу самиот. Сашко Кедев за Канал 5 раскажува, секоја врв со своја тежина и предизвик но најважно е да сте со тимот. На планината нема вие што можете и сакате, туку смиреноста и да се вклопите со природата и планината и да сте заедно со тимот. Со секој раскажан збор Кедев ви ги приближува Хималаите нивната големина, но притоа во сите зборови чувствувате смиреност и мотив дека во животот се можете ако сакате.

Кедев по Макалу не застанува со Хималаите, продолжува за Лотсе. И тука по стигнувањето во третиот камп го поминуваат четвртиот камп, нови 1.500 метри висинско искачување од последниот камп до врвот.

Високогорецот раскажува дека сите што одат на големи височини да имаат постепен пристап, да го тестираат организмот и да се потенцира и генетскиот материјал, бидејќи многумина не можат да поднесат височини. Но, посебно да се внимава од смрзнатини и хипотермија. Професорот кардиолог вели дека е против искачување без кислород које најголем ризик.

Кедев има искачено десет врва остануваат уште четири од вкупно 14 врвови над осум илјади метри.

Кедев е среќен што на Лотсе кога тој бил таму имало македонски самит тој се качи на 13 Мај, а на 20 Мај се качи неговиот колега Златко Јаќовски професор од судска медицина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...