Кевин Костнер ѝ дал 1,45 милиони долари на поранешната жена, таа не сака да се исели

Date:

Кевин Костнер и Кристин Бомгартнер потпишаа предбрачен договор, но таа го раскина, а тој е подготвен да плати за нејзиното преселување и да ѝ даде нова куќа – таа не се согласува.

Кевин Костнер се разведува од сопругата Кристин Бомгарнер по 18 години брак и три деца, а според последните информации холивудската ѕвезда на суд бара од поранешната сопруга да се исели од неговата куќа, повикувајќи се на предбрачниот договор кој го потпишале.

Поранешната манекенка на 1 мај поднела барање за развод од славниот оскаровец, а имала 30 дена да ја напушти куќата во која живееле заедно. Костнер изјавил пред судот дека верува дека таа останала во куќата за да го натера да исполни различни финансиски барања што таа му ги поставила откако раскинале. Тој исто така рече дека на Даја ѝ обезбедил 1,45 милиони долари во предбрачниот договор, што ѝ е доволно за да си најде нов дом, но и дека е подготвен да одговори на нови „финансиски предизвици“ доколку таа се исели.

Тој исто така е подготвен да плаќа 30.000 долари месечно за издршка за децата и кирија за куќата, како и уште 10.000 долари за трошоци за селење. Дарежлив, нема што!

Костнер поседува бројни имоти. Сопственик е на три семејни куќи, од кои според договорот од 2004 година Кристин се согласила да се исели во случај на развод. Тој е сопственик на раскошен комплекс на плажа во Калифорнија, чија вредност се проценува на 145 милиони долари, со луксузна палата со поглед на океанот. Комплексот вклучува 150 квадратни метри приватна плажа, а актерот на имотот изградил и куќа за рекреација. Поло теренот го претворил во бејзбол, а покрај сето ова, замокот има и поглед на планините и неколку острови, а Костнер ужива и во сопствената патека за јавање коњи.

Тој, исто така, поседува ранч од 160 хектари во Аспен на кој има две езера и три посебни куќи. Од крајот на јануари тој го издава овој имот наречен „Ранч Данбар“ за 36.000 долари од ноќ. Токму на тој ранч Костнер и Бомгартнер го кажаа своето судбоносно „да“ во 2004 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...