Кевин Костнер и сопругата ставија крај на 18-годишниот брак

Date:

Кевин Костнер и неговата втора сопруга Кристин Костнер се разделија по 18 години брак.

Сопругата на актерот од „Јелоустоун“ – со кого ги има Кејден (15), Хејс (14) и 12-годишната Грејс – ги наведе непомирливите разлики како причина за нивната разделба по речиси две децении заедно, пишува ТМЗ.

Истиот извор тврди дека Кристин во понеделникот (1 мај) ги предала своите документи во судот во округот Санта Барбара.

Претставник на Костнер рекол дека околностите надвор од негова контрола придонеле до раскинување на бракот.

„Бараме да се почитува неговата, на Кристин и приватноста на нивните деца додека поминуваат низ овој тежок период“, изјавил претставникот.

Двајцата поднеле барање за заедничко старателство над нивните три деца.

Кевин и Кристин првпат се сретнаа во 80-тите додека Костнер беше во брак со својата прва сопруга Синди Костнер, со која има три деца.

Оскаровецот има и син Лијам (27) со поранешната партнерка Бриџит Руни.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...