Властите во Квинсленд се надеваат дека ќе поттикнат повеќе фанови на Паркот Јура да го посетат тој дел од Австралија доколку фигурата на диносаурус стане новиот официјален грб на државата.
Фосилот Muttaburrasaurus, кој живеел пред повеќе од 100 милиони години во шумите на тој дел на Австралија, е една од главните атракции на Outback Квинсленд и генерира милиони долари приход од туризмот.
Сепак, туристичките работници сметаат дека фосилите пронајдени во регионот имаат многу поголем потенцијал, односно можат да ја претворат државата Квинсленд во палеонтолошко жариште на јужната хемисфера.
„Квинсленд е дом на најдобрите фосили пронајдени на австралиско тло и мислам дека нема подобар амбасадор за Оутбек од диносаурусот Мутабурасаурус“, рече локалниот министер за туризам Стирлинг Хинчлиф при објавувањето на одлуката.
Австралија во последниве години доживува еден вид бум на диносаурусите. Фосили од досега непознати видови диносауруси продолжуваат да се пронаоѓаат во оддалечените делови на земјата, а тоа привлекува илјадници љубители на диносауруси и аматерски палеонтолози во Outback, кои учествуваат во ископувањата.
Muttaburrasaurus бил пронајден во 1963 година во реката Томпсон во близина на градот Мутабура, но првпат бил опишан дури 20 години подоцна.
Овој тревојад бил висок 7 метри и се верува дека можел да оди на две и четири нозе. Скелетот Muttaburrasaurus е еден од најдобро зачуваните праисториски скелети пронајдени во Австралија.
Така, Muttaburrasaurus стана првиот фосил кој ја има честа да биде избран за симбол на грб, а меѓу деветте други грбови на државата Квинсленд се и коалата, ендемската мечка, потоа Големиот корален гребен и орхидејата Куктаун (Dendrobium bigibbum).