Квалификантот Џао стана прв Кинез со титула на Светското првенство во снукер

Date:

Кина го доби првиот светски шампион во снукер во историјата, а таков подвиг и успех успеа да направи 28-годишниот Џао Синтонг.

Тој вечерва го комплетираше убедливиот настап во финалето на најпрестижниот снукер турнир, Светското првенство кое традиционално се игра во Шефилд.

Џао вечерва требаше да освои само еден фрејм во четвртата сесија и на крајот го победи велшкиот ветеран Марк Вилијамс со убедливи 18:12, а на патот до најважниот трофеј во кариерата постави неколку нови рекорди.

Кинескиот „циклон“ влезе на турнирот како аматер, мораше да игра четири квалификациски рунди, за на главниот турнир без проблеми да ги елиминира сите ривали, вклучувајќи го убедливиот триумф над снукер легендата Рони О’Саливен во полуфиналето.

Само малку подобро помина трикратниот светски шампион Вилијамс, кој претходно ги елиминира големите ривали Џон Хигинс и Џад Трамп, но немаше сили за трета голема победа во серија и потфрли во финалето.

Џао стана првиот кинески и азиски победник на светското првенство во „Крусибл“, а за овој успех ќе заработи 500.000 фунти. Со овој резултат ќе се искачи и на 11. место на светскиот ранкинг, следната година ќе се врати меѓу професионалците, додека утеха за Вилијамс е што стана најстар финалист (50 години) во историјата на светските првенства.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...