Кање Вест половина час се расправал со семејството Кардашијан 

Date:

Бракот на Ким Кардашијан и Кање Вест со години беше под лупа на јавноста, а и по нивниот развод сè уште продолжуваат да се појавуваат детали за проблемите со кои се соочувале. Еден од нив е опишан во новата книга „Citizen Kim“ на авторот Џонатан Ван Метер, која треба да излезе кон крајот на октомври, пишува „Пејџ сикс“.

Како што пренесува магазинот, во книгата се споменува расправија што се случила на 28 октомври 2020 година, кога семејството се собрало во домот на Кајли Џенер. Според сведочењето на Фарназ Фарџам, извршна продуцентка на реалното шоу, Вест дошол заедно со Ким и веднаш започнал расправија со нејзината мајка, Крис Џенер, и со останатите членови на семејството.

„Кање дојде во куќата со Ким и веднаш почна да ја напаѓа Крис и целото семејство, прашувајќи ги зошто не гласале за него на изборите“, раскажала Фарџам.

Таа додала дека расправијата траела околу 30 минути и дека била толку шокантна што сцената морала да биде исфрлена при монтажата.

Во тоа време, односите меѓу Ким и Кање веќе биле сериозно нарушени. Необјавената сцена, сепак, не се нашла во финалната верзија на шоуто, па гледачите не можеле да видат како изгледала средбата зад камерите.

Проблемите во бракот беа прикажани и во последната сезона на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“. Во финалето, Ким низ солзи им призна на своите сестри дека повеќе не може да продолжи така и дека се чувствува како губитник поради неуспехот на нејзиниот трет брак.

Во февруари 2021 година, Ким поднесе барање за развод по речиси седум години брак. Нивната врска и разделба и денес се тема на медиумски написи, а новите сведоштва од луѓето што работеле со семејството откриваат уште некои од моментите што останале надвор од камерите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...