Катица Јанева и Стевчо Јакимовски ставени на „црната листа“ на САД

Date:

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на општината Карпош и кандидат за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, денеска се најдоа на американската „црна листа“. Оваа одлука е објавена на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.

Во извештајот се вели дека постапките на Јанева и Јакимовски ги поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси во земјата.

Основа за ставање на Јанева на „црната листа“ на САД е тоа што за време на нејзиното шефување со поранешното Специјално јавно обвинителство била вмешана во коруптивни дела, како и користење на политичкото влијание и моќта за нејзина лична корист.

Според објавата на американскиот Стејт департмент, за Јанева постојат веродостојни информации за тоа дека побарала и примила поткуп за да влијае на Обвинителството под нејзина надлежност.

За Јакимовски, пак, се наведува дека како градоначалник на Општина Карпош бил вмешан во коруптивни дела. Наведено е дека службената положба ја користел да влијае во урбаниот развој на Општината, во процесите за јавни набавки, со цел преку нив да прибави корист за себе и своите соработници.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на „црната листа“ ги стави и членовите на нивните потесни семејства, односно двата полнолетни сина на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски.

На „црната листа“ се ставени и синот на Јанева, Лазар Јанев, кој е адвокат, како и сопругот Венци Јанев, кој е починат.

Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски и членовите на нивните потесни семејства генерално неподобни за влез во САД.

„Овие означувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“,се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, издржува седумгодишна затворска казна на која беше осудена во случајот „Рекет“, а од неодамна доби „привилегија“ да биде работно ангажирана надвор од затворот „Идризово“, каде што ја издржува казната.

Работниот ангажман Јанева го извршува во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, Лазар Јанев, кој исто така е на американската „црна листа“.

Оваа погодност на Јанева ѝ е овозможена бидејќи ги исполнила критериумите во Казнено-поправната установа.

Стевчо Јакимовски, освен што е актуелен градоначалник на Општина Карпош и претседател на партијата ГРОМ, тој е и еден од кандидатите за претседател на државата на претстојните претседателски избори, кои треба да се одржат на 24 април (прв круг) и 8 мај (втор круг).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...