Шпанецот покажа карактер и по четврти пат во кариерата се пласираше во третото коло на Австралијан опен.
Тој славеше против Германецот Јаник Ханфман со 3:0 во сетови – 7:6(4), 6:3, 6:2, по два часа и 43 минути игра. Откако го „преживеа“ првиот сет, Алкарас во продолжението заигра значително порастеретено. Клучниот брејк во вториот сет му донесе предност која не ја испушти до крајот (6:3).
Третиот сет беше чиста рутина. Со два брејка предност, Алкарас брзо стигна до 5:2, а потоа во маратонскиот последен гем ја искористи четвртата меч-топка и стави точка на овој дуел.
„На почетокот не ми лежеше добро топката бидејќи доаѓаа бомби од другата страна на теренот“, призна Алкарас.
Алкарас сега го очекува победникот од мечот меѓу Корентан Муте и Мајкл Жанг.





