Каракачанов ги изрази територијалните претензии кон Македонија: „Војската да биде подготвена“

Date:

Националното прашање во Бугарија и Македонија наликува на ситуацијата со која се соочуваат Русија и Украина: поделба на ист народ, смета поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

– Многумина го поставуваат прашањето што се случува во Украина, зошто Русите се однесуваат така…? Многу едноставно. Да си одговориме ние Бугарите: зошто ние сме такви кон Македонија? Тоа е исто. Чувство за заедница, измамено чувство за заедница, мешање однадвор со цел да се подели една нација. Создавање нови народи, обиди да се спротивстават едни на други – изјави Каракачанов.

Тој го изрази своето противење на учеството на Бугарите во воени операции надвор од границите на земјата со цел задоволување на туѓи интереси.

Според него, бугарската армија нема да може да го издржи учеството во сегашниот конфликт.

Тој додаде дека земјата мора да биде подготвена за конфликт на Балканот.

– Бугарската армија треба да биде подготвена да ги заштити своите граници и своите национални интереси овде на Балканот. Единствената војна во која лично би отишол е онаа доколку нешто се случи во Македонија. Тоа се наши територии, наши сонародници. Друга работа е што на еден дел од нив (на Македонците) им е испран мозок – рече Каракачанов.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...