Канје Вест повторно ќе се кандидира за претседател на САД

Date:

Раперот Канје Вест (46) повторно планира да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави, пренесува „Д Ју. Ес Сан“.  Извор близок до раперот за странските медиуми изјавил дека Канје ќе се кандидира сто проценти и дека Бјанка Ценсори ќе биде совршена во улогата на прва дама.

Бјанка е заслужна за многу работи за да може да се фокусира на неговата претседателска кампања во 2024 година. многу подобро откако го заврши разводот со Ким“, вели изворот.

Во 2020 година, кога Канје првпат се кандидираше за функцијата, потроши повеќе од 12 милиони долари на својата неуспешна кампања, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Потоа ја основа својата претседателска партија „Роденден“ и тврдеше дека ако победат на изборите, на сите ќе им биде роденден.

Да потсетиме дека на почетокот на годината се шпекулираше дека Канје се оженил со Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Во јавноста тие биле видени заедно со бурми на рацете, а според изворите, венчавката се одржала во тајност.

Меѓутоа, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјавила дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во пентхаус во Западен Холивуд.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...