Канје Вест открива дека не е биполарен, туку има знаци на аутизам

Date:

Раперот Канје Вест вели дека не е биполарен, како што претходно тврдеше, туку дека има знаци на аутизам предизвикани од сообраќајна несреќа во 2002 година.

Во бизарна порака до Илон Маск, Канје вели:

„Кога ќе разговараме. Не ми должиш ништо. Никогаш повеќе не треба да разговараш со мене. Но, ако разговараме. Природата на врската мора да се промени. Јас не сум биполарен. Имам знаци на аутизам од сообраќајната несреќа. Не можете да ја гледате Ким како ги држи моите деца подалеку од мене. И да не кажувате ништо јавно и потоа да се нарекувате мој пријател за да ја доведам мојата публика на вашата борбена платформа“, вели раперот.

Текстот го објави Иан Конор, момче кое со години е близок со Канје. Пораката ја објавил на наговор на раперот, откако изгуби пристап до речиси сите свои профили на социјалните мрежи.

Илон го суспендираше профилот на Твитер на Канје во декември поради антисемитските коментари на раперот.

Она што е јасно од пораките е дека Канје се уште е во војна со Ким Кардашијан.

Што се однесува до сообраќајната несреќа за која зборува, а која ги предизвикала неговите наводни аутистички симптоми, таа била речиси кобна за него.

Канје во несреќата целосно ја скршил вилицата, а возачот ги скршил двете нозе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...

Ангелов: Ниту еден бранител не е опфатен со Законот за бранители

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите...

Потребен е стратешки пристап во промоцијата на македонскиот јазик и македонистиката

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со директорката на Меѓународниот...