КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА НОСАТ КАБАНИЦИ КАКО ОД ЈУГОСЛАВИЈА

Date:

Канје Вест (46) и неговата нова сопруга, младата архитектка Бјанка Ценсори (29) се појавија во бизарни стајлинзи, а ова издание на славната двојка го потсети босанскиот моден дизајнер на производ на „Југопластика“.

Раперот и неговата сопруга се фотографирани додека се шетаат низ гаражата во трговскиот центар „Сентари сити“ во Лос Анџелес облечени во долги пластични мантили и покрај времето без дожд.

Бјанка се чини дека не носи ништо освен долна облека под него, што не е изненадувачки со оглед на нејзините претходни модни изданија. Со мантилот облекла и црни чизми со високи потпетици.

За разлика од сопругата, Канје под мантилот за дожд имал црна широка тренирка, а на нозете носел црни чизми од модниот бренд „Баленсијага“.

Овој производ го потсетил босанскиот моден дизајнер Марко Фехер на производот на „Југопластика“ и рекламата од 1970 година.

Имено, тој во својата инстаграм-приказна сподели фотографија од Канје и Бјанка заедно со фотографија од реклама за кабаница на „Југопластика“ од 1970 година.

„Кање и Бјанка во 2024 година и Југославија во 1970 година“, напиша Марко и се пошегува: „Ние бевме првите што го направивме ова, како и сè друго“, објави босанскиот портал „Кликс“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...