Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20 години, а тогаш го имала и првиот сексуален однос. Кои други ѕвезди тврдат дека првпат имале секс во 20-тите години од животот?

Во подкастот на Дакс Шепард, Камила Кабејо отворено зборуваше за нејзиното прво сексуално искуство и откри дека го чекала совршениот момент.

Пејачката изјави дека имала 20 години кога првпат имала секс, а откри и со кој.

Во 2018 и 2019 година, Камила беше во врска со јутјуберот Метју Хаси, кој во САД е познат како „гуру за романтични врски“.

Сега пејачката потврди дека токму со него го имала првиот сексуален однос, како и дека тој ѝ бил првиот дечко.

„Пред да го запознаам, му го слушав подкастот. Бев негова обожавателка бидејќи имаше подкаст за љубовни врски“, вели пејачката и додава дека кога се запознале, истата вечер излегле во ресторан.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-04.jpg

„Тоа mи беше првата врска. Малку задоцнив со првиот дечко.

Имав 20 години и се чувствував осамено. Си помислив ’Боже, па јас никогаш сум немала дечко‘“.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-05.jpg

Камила вели дека со Метју го имала и првиот секс, на возраст од околу 20 години.

„Тогаш првпат имав секс. Првпат водев љубов на 20, 21 година. И, тоа навистина беше водење љубов. Беше убаво“.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-03.jpg

Пејачката смета дека Метју бил мошне добар партнер бидејќи имал многу искуство благодарение на неговиот подкаст за љубовни врски.

„Беше многу добра личност. Беше совршен партнер за прва љубовна врска.

Од него научив многу бидејќи тој не беше дел од музичката индустрија како мене“.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-06.jpg

Камила и Метју раскинаа во 2019-та, а истата година пејачката почна врска со колегата Шон Мендез.

Тие се разделија во 2021-ва, но ги разгореа гласините дека повторно се заедно, откако лани беа забележани како се бакнуваат на музичкиот фестивал Коачела.

Сепак, оттогаш не се видени заедно.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-02.jpg

Покрај Камила, и други познати личности тврдат дека првпат имале секс откако наполниле 20 години.

Брук Шилдс изјави дека имала 22 години кога првпат имала секс со нејзиниот тогашен дечко.

И комичарката Тина Феј вели дека чекала додека да наполни 24 години за првиот секс, шегувајќи се дека сакала да си ја чува невиноста.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-08.jpg

Моделот Адријана Лима, пак, вели дека првпат имала секс со бившиот сопруг Марко Јариќ, и тоа на 27-годишна возраст.

Пејачот Џо Џонас има изјавено дека првпат имал секс на 20-годишна возраст, истакнувајќи дека е горд што ја чекал вистинската личност за тоа.

kamila-kabejo-prozbore-za-prvoto-seksualno-iskustvo-imav-20-godini-beshe-mnogu-ubavo-07.jpg