Една од најпознатите светски актерки, Камерон Дијаз, се повлече од актерството во 2018 година.
Таа не сака да се врати во Холивуд, а денес се занимава со винарство.
Покрај тоа, тaa води и семеен живот. Таа и нејзиниот сопруг Беџија Маден во 2020 година со помош на сурогат мајка ја добија ќерката Радикс, а оваа година добија и второ дете.

Таа зборуваше за животот по Холивуд во подкастот „Rule Breakers“ и рече дека „постапила правилно“.
– Паднав во холивудската замка и станав жртва на сета експлоатација на која се изложени жените. Дозволив да ме третираат како предмет – рече таа и потоа додаде:
– Не морам повеќе да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последното нешто на ум, преку ден не ми ни паѓа на памет. Живеам како животно, не се бањам. Имам милион производи за убавина и сите тие собираат прашина на полиците. Можеби два пати месечно земам некоја крема, ја нанесувам и размислувам – добро, претпоставувам дека е доволно, дали ќе делува ако нанесам само еднаш? Едноставно, во моментов не сум во позиција да трошам енергија на изгледот.“
Инаку, Камерон по долга пауза од актерството го работеше филмот „Back in Action“ со Џејми Фокс, но на снимањето заврши во болница. Тие подоцна се вратија на снимањето, а филмот треба да излезе до ноември 2024 година.