Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот турнир во Полска откако загуби во квалификациите од Каи Венелт од Германија со 2-1 во сетови.
Каи Венелт го доби првиот сет со 6-3, на идентичен начин со 6-3 возврати Ивановски и изедначи на 1-1.
6-3 заврши и третиот решавачки сет кој му припадна на Германецот. Каи Венелт победи со 2-1, тоа значи дека Ивановски нема да игра на главниот турнир во Полска.