Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски забележа скок од десет позиции на новата АТП листа, за првпат во кариерата влезе меѓу најдобрите 500 играчи во светот.
Одличните изданија на турнирите во Тунис, му донесоа бодови на Ивановски со кои напредуваше на АТП листа. На последниот турнир македонскиот тенисер стигна до финалето каде го предаде мечот.
На најновата АТП Листа, Ивановски е на 494. место со скок од 10 позиции. Тоа е неговиот најдобар пласман досега.
Прв и понатаму е Новак Ѓоковиќ, а во топ десет се уште и Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспр Руд, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Тејлор Фриц, Феликс Оже-Алиасим, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]




