Како украинските бегалци ги протеруваат македонските печалбари од Германија?

Date:

Расте бројот на протерани македонски работници од Германија, а причината, верувале или не, е токму конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Имено, огромниот број надојдени украински бегалци веќе почнале да ги истиснуваат нашинците од Германија, а први на удар, секако, се тие без обезбеден легален престој во земјата.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР), во првата половина од годинава во Македонија присилно се вратени 600 македонски државјани, додека, пак, лани, во текот на целата година, протерани биле 500 луѓе.

„Најмногу луѓе се депортирани од германските градови Коесфелд, а помал број од градовите Карлсруе, Минхен, Хамбург, Хале, Касел, Триер, Берлин и други. Освен во Германија, депортација на нашинци се врши и од Австрија, Белгија, Италија, Грција и други земји. Причините за нивното присилно враќање се различни, но најчеста причина е нелегалниот престој во туѓа држава. Македонските државјани кои се депортирани од Германија се наши државјани со нелегален престој во Германија и согласно Спогодбата помеѓу РМ и Европската заедница за преземање лица кои престојуваат без дозвола, истите се депортираат во РМ – велат од МВР.

Денар.мк разговараше со депортиран нашинец од Германија, кој раскажува како преку ноќ бил принуден да му се врати на стариот живот во Свети Николе.

-Повеќе од две години работев градежништво во Германија. Јас сум човек кој ги почитува правилата и затоа никогаш не сум имал проблем со законот, а можеби затоа и никогаш не сум бил разоткриен дека работам на црно и дека не поседувам дозвола за престој во земјата. Но, сѐ се промени откако започна војната во Украина и откако неколку милиони Украинци пребегаа во развиените земји, особено во Германија. Тогаш, за да се отвори простор за нивно вработување, властите наредија строги контроли и депортации на лицата кои не поседуваат документи. Не им требаше долго за да ме уловат и да ме депортираат во Македонија, но тоа е животот, продолжуваме понатаму – раскажува 43-годишниот Благојче.

Од агенциите за посредување при вработување во странство објаснуваат дека иако најголемиот дел од земјите-членки на Европската Унија имаат слично законодавство, сепак секоја си има свои специфики во однос на доселувањето и добивањето работни визи.

Дел од нив, објаснуваат нашите соговорници од агенциите, поради големата потреба од работници најчесто прогледуваат низ прсти и не ги чепкаат работниците на црно, но сега, конфликтот во Украина и целата таа бегалска криза најверојатно ги тера да им се вратат на законите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...