Јадењето избалансирана и здрава храна во текот на претстојните ладни денови е од клучна важност за одржување на вашиот имун систем.
Кон што треба да го свртиме нашиот фокус?
– Пробиотска храна како јогурт или кисела зелка.
– Зачини и билки како што се ѓумбир, лук, куркума, цимет. Тие имаат антиимфламаторни дејства и го зајакнуваат имунитетот.
– Чорби и супи. Доамшните чорби и супи направени од зеленчук се богати со витамини, минерали и антиоксиданси.
– Чаеви од билки. Топлите напитоци како што се чаевите ќе ви помогнат да останете хидрирани и да го збогатите вашето тело со дополнителни хранливи материи. Направете си чај од ѓумбир, камилица, липа или зелен чај по ваш вкус и во истиот додадете мед и лимон.
– Овесот и оризот се исто добар избор затоа што се богати со растителни влакна коишто ќе ви помогнат да ја одржите вашата енергија.