Како отпадни води завршија во гостиварскиот водовод?

Date:

Заматена и кафена вода што деновиве тече од чешмите во Гостивар го вклучи алармот кај институциите, особено откако болницата во градот беше преплавена со граѓани кои се пожалиле на дијареја, повраќање, болки во стомакот и покачена температура. Во само неколку дена, повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за користење на водата од градскиот водовод сè до добивањето на резултатите од анализите.

Во меѓувреме, Обвинителството, полицијата и повеќе државни институции спроведуваат истрага за да утврдат како дошло до можно загадување на водата за пиење и дали токму тоа е причината за наглото зголемување на бројот на заболени граѓани.

Противречни информации за причините за епидемијата

Додека дел од надлежните уверуваат дека сè уште нема доказ за директна поврзаност меѓу водата и здравствените проблеми, од терен пристигнуваат информации што отвораат сериозни сомнежи.

Директорката на ЈП „Водовод“ Гостивар, Артана Асани, во изјава за Телма вели дека причината за епидемијата можеби не е водата за пиење, туку храната што ја консумирале граѓаните. Според неа, меѓу лицата што побарале медицинска помош имало и граѓани кои користеле исклучиво флаширана вода, што според неа укажува дека изворот на заразата не мора да биде водоводниот систем.

Сепак, наодите од извршениот надзор покажуваат загрижувачка слика.

Диво поставени пумпи во водоводниот систем

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека при вонреден надзор било утврдено оти на главниот цевковод на водоводната мрежа без одобрение била поставена пумпа што директно вбризгувала вода од реката Вардар во системот за водоснабдување.

Полицијата, пак, објави уште посериозни сознанија. Според информациите од СВР Тетово, не станува збор за една, туку за три пумпи поставени во корито на истечни отпадни води. Преку нив, водата директно се внесувала во главниот цевковод што го снабдува Гостивар со вода за пиење.

„Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните“, соопштија од полицијата.

Обвинителството отвори истрага

По насока на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи спровеле увид во Вруток, каде што се наоѓа дел од инфраструктурата за водоснабдување.

Од СВР Тетово информираат дека случајот се истражува како можно кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво според член 219 од Кривичниот законик.

Во истрагата се вклучени Обвинителството, Министерството за внатрешни работи, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина и независен лиценциран вештак кој треба да изготви стручен наод за состојбата на системот.

Над 1.200 заболени за четири дена

Директорот на Општата болница „Д-р Ферид Мурад“, д-р Емри Бајрами, соопшти дека во период од три до четири дена биле регистрирани меѓу 1.000 и 1.200 пациенти со речиси идентични симптоми. Најголем дел од пациентите се пожалиле на дијареја, повраќање, болки во желудникот, покачена температура и омалаксаност.

Стручни лица од Институтот за јавно здравје зеле мостри од водата на повеќе локации во градот. До објавување на конечните резултати, забраната за пиење и употреба на водата од гостиварскиот водовод останува на сила.

 „Слободен печат“, објави дека екипи на Институтот за јавно здравје при собирањето мостри од водата наишле на отпор од група граѓани, кои наводно се обиделе да ги спречат службените лица во извршувањето на нивната работа. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...