Како на филм: Скопјанец во „Порше“ возел мигранти, бегајќи од полицијата удрил во канделабра

Date:

На автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина.

На даден знак за запирање од полициските службеници, Ќ.Ш. не го запрел возилото и продолжил со движење, по што изгубил контрола и удрил во канделабра, во близина на бензинска станица.

Во возилото се пронајдени шест лица од Кина, а двајца од нив биле пренесени во болницата во Гевгелија за укажување лекарска помош.

Поради постоење на основи на сомневање дека Ќ.Ш. сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ по чл.418-б ст.2 од КЗ, тој е лишен од слобода, известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...