Како култната песна од „Пријатели“ довела до распаѓање на бендот којшто ја отпеа

Date:

Членовите на бендот којшто стои зад култната тематска песна од „Пријатели“ открија како нивната врска со ситкомот довела до распаѓање на бендот.

Најпознати по песната „I’ll Be There For You“, стиховите на „The Rembrandts“ засекогаш се врежаа во колективната меморија, од заразниот рефрен до ракоплескањето кое секој слушател едноставно веднаш го препознава.

„Пријатели“ се прикажуваа од 1995 до 2004 година, а серијата не би била тоа што е без својата препознатлива воведна мелодија.

Ситкомот засекогаш го сменил животот на членовите од бендот „The Rembrandts“ откако нивната хит-песна беше користена како вовед на повеќе од 200 епизоди од серијата.

„Нашиот менаџер кажа дека за ситкомот бара тематска песна, а Кевин Брајт, извршниот продуцент на серијата, беше обожавател на The Rembrandts“, изјавил член на бендот, Дени Вајлд за „The Guardians“.

Популарноста на песната не му донела среќа на бендот

На прашањето дали тој и колегата од бендот Фил Солем биле заинтересирани за понудата, Вајлд открил дека на почетокот биле поделени околу одлуката. Сепак, како што открил, култната песна не била секогаш очигледен фаворит.

„Shiny Happy People на REM свирена на сцените со фонтаната, па сакаа нешто со истото темпо. Верзијата од 43 секунди ја снимивме два дена подоцна. Продуцентите дојдоа во студиото и сакаа да направат ракоплескање, но никако не можеа да го добијат. Направија неколку снимки, им кажавме дека е во ред, а кога заминаа ги избришавме и ставивме свои“, објаснил Вајлд.

Но, популарноста на песната не му донела среќа на бендот.

„Еднаш кога сите луѓе сфатија дека тоа сме ние, тоа го уништи сиот наш добар „вајб““, рекол Вајлд и додал дека преминале од „кул клубови“ на „матинеа каде родителите ги носеле своите деца“.

Изјавил и дека песната набрзо станала товар на бендот и на крај станала причина за нивното распаѓање. Меѓутоа, Вајлд и Солем повторно се обединиле и сè уште прават албуми и свират.

„Секојпат кога се пушта, има малку заработка. Тоа се само пари и ништо повеќе. Моите деца се на факултет и добив прекрасен дом. Не сум богат, но ми е удобно“, изјавил Вајлд на прашањето за заработката од овој голем хит.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...