Како велешани направија милиони продавајќи лажни картички со Доналд Трамп?

Date:

Живеат во Велес, а заработуваат илјадници долари од американски државјани. Млади велешани повеќе од една година преку интернет продаваат банкарски картички, монети и чекови со ликот на Доналд Трамп за кои се тврди дека ќе имаат огромна вредност ако тој стане претседател. Шемата за измама ја открива Радио Слободна Европа. Најчеста мамка се монтираните фотографии на кои Трамп држи картичка со неговиот лик.. Се нудат по цени од 300, а на купувачите им се тврди дека во иднина секоја од нив ќе има по 200 илјади американски долари.. Навидум едноставната можност за милионска заработка, дел од американските државјани ги оставила и без заштедата.

„Ова е кошмар, кога се ќе се собере, во последната година потрошив над 30 илјади долари…..сега ме контактираат со приказната дека треба да платам уште за да не ги загубам досегашните инвестици“, сведочи 86 годишна пензионерка од американската држава Тенеси.

Јавна тајна е дека 20 годишници од Велес заработиле огромни суми преку интернет продажба на картички со ликот на Трамп.. Дел ги ангажирале и родителите да  споделуваат реклами. Дека американскиот интернет простор е мета на велешани, сведочат и вработени во ИТ индустријата. Не сакаат да говорат јавно, ама ги откриваат маркетиншките трикови за продажба на картичките.

Доказ за парите кои ги заработуваат велешани има и УЈП. 98 лица од подрачјето на Велес во последните две години пријавиле 11 милиони долари приход од Соединетите амеркикански држави.

Засега ниту американските ниту домашните институции го истражуваат случајот.

И пред осум години во ек на изборна кампања велешани го искористија Трамп за профит. Со над 100 интернет страници споделуваа лажни вести за неговата политика, а на нивните сметки и тогаш легнаа илјадници долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...