Како бугарската пропаганда ги притискаше Македонците во Албанија

Date:

Како Бугарија  го билдаше своето малцинство во соседна Албанија и вршеше притисок на последнот попис? Албанската телевизија Топ Ченл преку сторија ја прикажува  стратегијата на официјална Софија за вештачко создавање на бугарско малцинство. Делењето на бугарските пасоши во пресрет на пописот и посетата на високи претставници на бугарските власти кои отвараа училишта на бугарски јазик во Голо Брдо и Гора  каде живеат Македонци, се само дел од бугарската пропаганда.  

Потпретседателката на Бугарија Јотова во септември ги посети македонските села во Албанија во придржуба на членот на Бугарската аакдемија на науките Спас Ташев кој со години посветено работи на зголемување на нивното малцинство. Како што наведува ТОП ЧЕНЛ, тој  Уште во 2020-та тој побарал од Владата на Бугарија да преземе конкретни чекори за бугарското малцинство во Преспа иако на пописот од 2019-та само едно лице се пишало како Бугарин.

Топ Ченл ја обвинува Бугарија за силна пенетрација во албанската државна структура бидејќи резултатите од пописот во 2019 биле само за интерна употреба на Заводот за статистика.

Во однос на македонското население во Пустец, дел од жителите сведочат за теророт и заканите од страна на бугарските власти.

Исто така  и генералниот секретар на партијата Македонска алијанса, Васил Стерјовски, сведочи за бруталната интервенција од страна на бугарската амбасада за време на попишувањето.

Албанската телевизја не го одминала ниту Виктор Стојанов, претседатаелот на фондацијата „Македонија“ кој важи за голем бугарски пропагандист. За време на пописот којшто траеше 6 недели, тој престојувал во околните села близу Пустец вршејќи им притисок на жителите да се пишат како Бугари. Иако резултатите се тајни, по пописот Стојанов објави и резултати фалејќи се со бројката на Бугари.

Како што раскажува сторијата, тешките економски услови, разочараноста и недостигот на инвестиции ги натерало жителите да се поколебаат во етничкото самоизјаснување , а Бугарија вештачки создала свое малцинство во македонските села во Албанија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...