За изгубен папагал во скопско се нудеа 2.500 евра награда. За среќа папагалот е најден, но тоа го отвора прашањето какви и колку скапи миленици чуваат Македонците.
Пронајден е папагалот Шер, кој пред пет дена се изгуби во Скопје, а чии сопственици нудеа награда од 2.500 евра за пронаоѓачот. Како што раскажува сопственичката на птицата за „Фокус“ настанот се завршил со среќен крај, и нивната миленичка била повторно со нив.
На жената која помогнала во пронаоѓањето на птицата и ја понудиле паричната награда, која таа одбивала да земе, но на крај сепак прифатила да земе 1.000 евра, колку што беше понудено првиот ден по изгубувањето на папагалот од видот Ара.
Но, таа раскажа и за патешествието кое го поминала птицата, се до враќањето во нивниот дом, а нејзината приказна ја објавуваме во целост.
– Шер е повторно со нас, членот на нашето семејство!! Ова беа 5 дена кои ни го променија животот, стекнавме нови пријатели, стекнавме непроценливо искуство, плачевме, повторно се заљубивме во убавата Македонија, се разочаравме, се боревме и конечно ја најдовме! 29.02.2024, на магичен ден, ни се јави една жена која рече дека во неделата се удрила птица од нејзиниот прозор и застанала на бурето кое се наоѓало на терасата, околу 20-30 минути откако Шер одлетала, се тресела цела, жената ја замолила ќерката да најде на интернет каква птица била и од каде може да дојде и од кого може да одлета. Ќерка и нашла неколку луѓе со фотографии од слична птица и напишала.
Шер веднаш ме препозна, врескаше и ме фати за рамо и не ме пушти цела вечер. И покрај се, делумно го наградивме човекот кој конечно ни ја подари, за тоа што во тоа време беше жива. Веднаш отидовме кај жената и нејзината ќерка да и се заблагодариме. Таа раскажа како се случи сето тоа, Шер седеше на моето рамо и сите видоа колку е мирна.
Дома Шер веднаш се смести, ја јадеше омилената храна, играше и се бакнуваше!
Извор: ФОКУС