Каква мајка, таква ќерка: Салма Хајек и ќерка ѝ Валентина воодушевија со слични комбинации

Date:

Мексиканско-американската актерка Салма Хајек (57) била забележана со нејзината ќерка Валентина Палома Пино (16) на забавата по премиерата на документарната серија „Beckham“, за животот на поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам.

Атрактивната актерка изгледала одлично во темно виолетова тоалета, додека нејзината 16-годишна ќерка носела пократок фустан во иста боја. Тие биле видени како влегуваат во „The Twenty Two“, луксузен приватен клуб во Лондон, пишува таблодината веб-страница „Пејџ сикс.“

Хајек за оваа пригода се одлучила за долг свилен фустан со плисирани детали од страна, а својот елегантен изглед го комплетирала со светкави црни потпетици на платформа и црна чанта.

Што се однесува до нејзината ќерка, таа облекла кадифен мини виолетов фустан, кој го носела под црн блејзер. Аутфитот го комплетирала со црни потпетици и црна чанта.

Како потсетување, Салма Хајек е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Тие имаат само едно заедничко дете, ќерката Валентина.

Додека ова ѝ е прв и единствен брак на актерката, бизнисменот претходно беше женет со дизајнерката Доротеј Лепер, со која има две деца – синот Франсоа (25) и ќерката Матилда (22).

Тој има и еден вонбрачен син, Августин (16), од врската со манекенката Линда Евангелиста.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...