Казна од милион денари за непочитување на замрзнатата цена од 33 денари на лебот

Date:

По одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб, Државниот пазарен инспекторат и директорот Горан Трајковски излегоа со првите информации од извршените инспекциски надзори за периодот од 27 февруари до 5 март.

„По Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки извршени се над 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вредност од 960.000 денари.

Пазарниот инспекторат е на терен и интензивно спроведува контроли! Работиме во интерес на граѓаните!“, информира ДПИ.

Владината одлука беше донесена на крајот на февруари, по што одредени големи производители, претежно на територијата на Скопје, одбија да го испорачуваат лебот во маркетите се до 4 март, а во меѓувреме следуваше уште една одлука со која Владата наметна обврска да тој да се доставува.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...