Брза пруга на Коридорот 10 по десет години повторно е ставена меѓу главните приоритети на владата. Министерот за транспорт Александар Николоски кој подолг период се залага за овој проект вели дека за изградба на пругата која „може земјава да ја однесе во иднината, да ја развива економски и проект со кој ќе фатиме чекор со светот и нема да останеме слепо црево“, може да се изгради во два мандата на владата.
Експерти велат дека проектот ќе може да се реализира бидејќи железничкиот транспорт е приоритет и во Европската Унија која издвојува високи суми за тоа. Тоа е дел од кинескиот проект „Појас и пат“ кој ѝ е од интерес на Европа. Но, велат експертите, треба добра подготовка на проектот во која ќе се задоволат високите европски стандарди, добра изведба и многу промени во институционалната поддршка на инвестициите во транспортот како и промени во менаџирањето со железницата. Тие предлагаат и дополнителен развој на железницата во земјава како најевтин превоз на стоки и патници.
Идејата за брза пруга датира уште од претходната држава која планираше да изгради пруга на која возовите би се движеле до 250 километри на час. На брзата пруга државава се врати и во 2015 година, кога се планираше и либерализација на железничкиот сообраќај, но и двете идеи останаа само на хартија без притоа ништо да се направи. Во меѓувреме, поради лошите политики замре целосно железничкиот сообраќај во земјава, а превозот на стоки и патници се сведе на минимум.
Проектот е можно да се изгради во два владини мандата
Николоски кој со седнувањето во министерското столче во транспорт, веднаш побара парите планирани за изградба на третиот дел од пругата кон Бугарија да се пренасочат кон брзата пруга смета дека иако е скап, овој проект би нѐ чинел поевтино од пругата кон Бугарија.
– Некаде по километар меѓу 6 до 10 милиони евра, или според неговите пресметки, ако Македонија има околу 215 км пруга од Табановце до Гевгелија, тоа би значело некаде од 1,6 милијарди до 2,1 милијарда евра да се изгради пруга со две линии – изјави тој деновиве.
Николоски најави и дека сака пругата да се реализира во два мандата на оваа влада што значи во период од речиси 8 години.
Експертите, пак, имаат поинакви проценки за чинењето на брзата пруга.
– Не треба да се расфрламе со бројките бидејќи цената на проектот ќе зависи од тоа што тој всушност ќе опфати. Дали ќе биде тоа целосно нова пруга или ќе се реконструира старата со одредени нови делови, колку тунели ќе има и слично. Последните цени од 2018 година за брзите пруги се движеа од 15 до 40 милиони евра од километар. Во меѓувреме овие цени се зголемени, па не е добро да кажуваме бројки пред да се види проектот. Да потсетам дека брзите пруги секогаш се двоколосечни и за нивна изградба се проценува дека се потребни најмалку 5 до 6 години, но вакви проекти се градат и подолго. Ефектите од вакви пруги се долгорочни и поволни за економијата – вели професорот Зоран Кракутовски од катедрата Железници на Градежниот факултет.
Треба да се искористи наклонетоста на Европа кон железничкиот транспорт
Според Кракутовски, државата треба да ја искористи наклонетоста на Европската Унија која сака да го заживее Коридорот 10 во железничкиот транспорт, бидејќи овој проект е скап за да се финансира од нашиот буџет.
– Европската Унија издвојува високи суми пари за железниците како евтин транспорт, што како земја можеме и ние да искористиме дел од овие пари. Доколку и за нас се отворат европските кохезиони фондови и ако имаме добар проект кој ќе се изработи по европски стандарди, тогаш земјава ќе може да ја искористи можноста Европската Унија да инвестира дури 80% од потребните пари за реализација на проектот – вели тој.