Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ги дозна противниците во групната фаза за Европското првенство што ќе се одржи во Скопје, а е единствено од А-дивизијата во која учествува една наша младинска селекција.
Нашиот главен град вторпат во низа ќе бидат домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години, а тоа ќе се одржи во периодот од 5 до 13 август 2023 година.
Жрепката во Минхен, на која присуствува и генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, одлучи во друштво на македонската репрезентација да бидат и актуелниот европски шампион во оваа конкуренција Литванија, потоа третопласираната од лани Франција и Белгија која минатата година обезбеди место во А-дивизијата, освојувајќи го третото место на шампионатот во Б-конкуренцијата во Софија.
Во машка конкуренција оваа година во Скопје ќе се одржи и ФИБА У20 ЕП, Дивизија Б, од 7 до 16 јули. Нашите кошаркари се во групата „А“ со Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска.
Јуниорите ќе играат на Б-шампионатот во португалскиот град Матосињос, од 21 до 30 јули 2023. И тие се во групата „А“, со Велика Британија, Австрија, Исланд и Норвешка.
Во женска конкуренција во Софија (Бугарија) од 30 јуни до 9 јули 2023 ќе се одржи ФИБА У18 ЕП, Дивизија Б, а Македонија е во групата „А“ со Хрватска, Холандија, Исланд и Данска.
ФИБА У16 Европско првенство, Дивизија А
Скопје 5-13 август 2023
Група „А“
Турција
Италија
Словенија
Црна Гора
Група „Б“
Франција
Литванија
Македонија
Белгија
Група „Ц“
Шпанија
Израел
Германија
Финска
Група „Д“
Грција
Србија
Летонија
Полска