И Јотова како Радев за Македонија, без промени во Уставот нема ЕУ

Date:

Сè додека нема промена на Уставот на Македонија и внесување на Бугарите во него, не може да има никакво придвижување и напредок на земјата кон членство во Европската Унија, изјави вршителката на должноста претседател на Бугарија, Илијана Јотова по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Минхен. Во рамките на Минхенската безбедносна конференција вчера со Кошта се сретна и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Таа нагласила дека Софија и европските институции имаат идентичен став кога станува збор за условите што Македонија треба да ги исполни на својот евроинтегративен пат.

Јотова наведе оти се надева дека до јуни, кога ќе се одржи следниот самит на ЕУ за Западен Балкан, ќе се најде решение за прашањето со Македонија, доколку, како што рече, земјата сè уште сака да се приклучи на Унијата. Според неа, тоа не е само барање на Софија, туку одамна е и политика на Европската Унија.

Информирајќи за средбата со Кошта, Јотова рече дека во нејзиниот фокус биле прашањата поврзани со проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан, особено оние кои се однесуваат на евроинтегративниот пат на Македонија.

„Ние, се разбира, слушаме доста загрижувачки сигнали за тоа дека раководството на Република Македонија се обидува да најде друго лоби за да го заобиколи првиот кластер, кој е најважен, таму се човековите права т.н. фундаменталс, и се обидува да започне со другите поглавја, кои се веќе многу поконкретни. Не постои никаква шанса Бугарија да се согласи со таква промена. Нагласив дека имаме европска политика по ова прашање, имаме услови кои се исто така исти како и оние на европските институции. Додека нема промена во уставот на Република Македонија и впишување на Бугарите таму, не може да има никакво придвижување“, ја пренесе БГНЕС  изјавата на Јотова.

Таа наведе оти се надева дека до јуни, кога ќе се одржи следниот самит на ЕУ за Западен Балкан, ќе се најде решение за прашањето со Македонија, доколку, како што рече, земјата сè уште сака да се приклучи на Унијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...