И со помош на судиите: Унгарците не им дадоа на Швеѓаните да победат

Date:

Ракометарите на Унгарија одиграа нерешено со селекцијата на Шведска, 32:32, во рамките на второто коло од втората фаза на Европското првенство во ракомет!

Со ова реми Швеѓаните се доведени на работ на елиминација, иако во втората фаза влегоа со јасна калкулација и големи амбиции.

Селекцијата на Шведска имаше план со две победи против отпишаните Унгарци и Швајцарци да обезбеди пласман понатаму, но по неочекуваниот кикс веќе не зависи само од сопствените резултати. Во последното коло ќе мора да ја совлада Швајцарија, но и да се надева на поволни исходи на другите натпревари, пред сè Унгарија да ја изненади Хрватска или Словенија да слави против Исланд.

Турнирот така продолжува како вистинско лудило, бидејќи претходно отпишаните Шпанци ги шокираа Французите, додека Швајцарците успеаја да освојат бод против Исланд, со што борбата за завршницата дополнително се искомплицира и остана целосно отворена до последното коло.

Самиот дуел меѓу Унгарија и Шведска беше исклучително тврд, динамичен и неизвесен до самиот крај. Екипите се менуваа во водство, а драмата кулминираше во последните секунди, кога на Унгарија не ѝ беше досуден чист седмерец во последниот напад, па Швеѓаните имаа и доза среќа да избегнат пораз, со што беше спречена најголемата сензација.

Сита имаше шут за победа и притоа очигледно беше фаулиран, со оглед на тоа што одбранбениот играч на Шведска го држеше стапалото во својот простор. Сепак, судиите досудија фаул во напад наместо седмерец, иако ја прегледаа и ВАР-снимката, но не ја променија одлуката, па резултатот остана нерешен.

Во редовите на Шведска блескаше Клар со дури 10 постигнати голови, додека значаен придонес даде и Ване со четири погодоци. На другата страна, Унгарија ја предводеа Имре и Роста, кои постигнаа по осум голови и беа најзаслужни за големиот бод.

Да потсетиме, двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето, кое е закажано за 30 јануари, додека третопласираните тимови ќе играат натпревар за петтото место истиот ден. Финалето и натпреварот за бронзениот медал се закажани за 1 февруари, а сите натпревари од завршницата на Европското првенство ќе се играат во данскиот Хернинг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...